Газдата на Манчестер јунајтед, Аврам Глејзер најави дека новиот менаџер на „ѓаволите“, Ерик Тен Хаг ќе има буџет за активности на пазарот на играчи и верува дека тој ќе биде успешен.
Јунајтед започна нова ера денеска со првата прес-конференција на Тен Хаг по хаотичната сезона за славниот клуб и шпекулациите во англиските медиуми велат дека ќе се ослободат од 10-тина фудбалери во текот на летниот преоден рок.
Глејзер, кој присуствуваше на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија јасно посочи дека ќе има средства за инвестиции.
„Не е време да зборуваме дали сме разочарани од сезоната. Секако, сите мислат така, но ќе работиме напорно следната сезона да биде подобра. Ние секогаш сме трошеле пари за нови играчи. Сметаме дека Ерик Тен Хаг е вистинскиот човек за работата и затоа го донесовме“, изјави Глејзер.