Одредени се двојките на фајнал-фор турнирот во ракометната Лига на шампиони, кој традиционално се одржува во Келн, Германија. (17 и 18 јуни).
Ждрепката во полу-финалето ги спои клубовите кои ја освоија титулата во претходните две изданија на ЛШ, Барселона и Кил. Во второто полуфинале ќе се сретнат Веспрем на Дејан Манасков и Кјелце.
Полуфиналните натпревари на програмата се на 17.јуни, ден подоцна ќе се одигра натпреварот за третото место и големото финале.