Top Sport

Линекер: Мбапе ќе биде новиот Роналдо

Килијан Мбапе има потенцијал да стане следната нова мегаѕвезда во фудбалот налик на Кристијано Роналдо, вели поранешниот англиски репрезентативец, а сега ТВ-коментатор, Гери Линекер.

19-годишниот Мбапе беше една од ѕвездите на Франција на Мундијалот, постигнувајќи два гола и добивајќи пофалби од сите страни во фантастичниот француски тим кој денеска игра со Хрватска во финалето.

Линекер, кој ја освои „златната копачка“ на Мундијалот во 1986 година, верува дека младиот Французин има сѐ што е потребно да биде мегаѕвезда.

„Тој е идниот ѕвер во фудбалот. Неговата иднина може да биде блескава. Тоа што го покажа во полуфиналето на СП беше неверојатно. Неговата брзина, неговата техника, неговата харизма и способноста да одигра вистинска топка во вистинско време… Тоа е неверојатно. Мбапе може да биде следниот Кристијано Роналдо, иако мене ме потсетува на бразилскиот Роналдо. Ја имаа таа моќ, таа експлозивност и брилијантна брзина. Притисокот како да не делува на него“, вели Линекер во интервју за „Л’Екип“.

Мбапе веќе е вториот најскап фудбалер на светот, откако Пари Сен-Жермен плати 180 милиони евра откако тој имаше фантастична сезона со Монако, освојувајќи ја француската лига и стигнувајќи до полуфиналето на ЛШ.

Фото: ЕПА

Scroll to Top