Навивачот на Ливерпул, познатиот англиски јутјубер Сајмон Вилсон, оваа недела се одлучи на смела авантура со благородна цел да ги превезе навивачите на „црвените“ кои не можат да си дозволат патување во Париз, за финалето на Лигата на шампионите.
Вилсон го купил најевтиниот автобус во земјата и однел 50 навивачи во Франција по цена од само една фунта.
„Го купив најевтиниот автобус што можев да го најдам во Велика Британија. На него ставивме налепници кои, за споредба, чинат повеќе од самиот автобус“, изјави Вилсон.
Проблемите започнаа веднаш по заминувањето. Педесетина навивачи се собраа пред „Енфилд“ и заедно тргнаа на пат, но веќе на пат кон тренинг центарот „Мелвуд“, на пет километри, каде што планираа да застанат, стана јасно дека патот ќе биде пеколен бидејќи климата не функционирала и прозорците не можеле да се отворат.
Згора на се, од осигурителната компанија не добиле потврда дека ќе можат да се возат со автобус стар 22 години низ Франција, па застанале на обиколка во „Мелвуд“ и ја чекале веста. Се испостави дека автобусот не ги исполнува еколошки стандарди на градот Париз.
„Бев загрижен за луѓето кои имаа билети и беа многу возбудени. Опцијата да не стигнам до Париз не постоеше. Решив да се префрлиме на план Б, повикав некои луѓе и успеавме да обезбедиме друг автобус кој ги исполнуваше критериумите“.
View this post on Instagram