Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, на нешто повеќе од два часа пред почетокот на големото финале во Лигата на шампионите го објави почетниот состав.
Ова веќе станува пракса Реал противникот да го знае составот на Реал, пред стартот на мечот. Можеби се работи за некакво суеверие.
Анчелоти не изненади со изборот на 11. што ќе го започнат големото финале. За четворица ова ќе биде прво финале во ЛШ )Валверде, Милитао, Винисиус, Менди), а двајца (Алаа и Куртоа) прв пат ќе се борат за титулата во ЛШ во дресот на Реал.
Тимот на Анчелоти е првиот во историјата на ЛШ кој во финалето ќе истрча со четворица играчи во стартниот состав кои имаат најмалку 100 настапи во ова натпреварување.
?✅ Our #UCLfinal ???????? ??! #APorLa14 pic.twitter.com/uj9fib8ZoZ
— Real Madrid C.F. ???? (@realmadriden) May 28, 2022