Top Sport

Одложен почетокот на финалето

Почетокот на големото финале во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид е одложен за 30 минути од безбедносни причини.

Пред стадионот Франција, во Сен Дени, владее хаос, илјадници навивачи на Ливерпул не можат да влезат на стадионот поради огромната гужва. Англиските новинари јавуваат дека ситуацијата е драматична. Спореден медиумите огромна редица се создала пред влезот каде наводно била отворена само една врата.

Поради големите гужви во овој дел од Париз, автобусот на играчите на Ливерпул пристигна на стадионот 20 минути по тој на Реал.

Французите и УЕФА на стартот потфрлија со организацијата.

Scroll to Top