Јувентус веќе започна да ги враа парите од трансферот на Кристијано Роналдо, во кој вложи 112 милиони евра.
Португалецот, кој по девет години го напушти Реал Мадрид, ќе ја носи „седумката“ и во Јувентус.
Роналдо е вистински магнет за навивачите и спонзорите, а според се уште непотврдени информации, Јувентус во првите 24 часа продал 525.000 дресови на Роналдо.
Оригиналниот дрес се продава по цена од 104 евра, а репликата на дресот се продава по цена од околу 45 евра.
Јувентус, во просек за секој продаден дрес заработува околу 74,45 евра, што значи дека клубот веќе инкасирал 38,7 милиони евра.
Тоа значи дека клубот уште малку ќе „извади“ половина од парите што ги вложил во трансферот.