Карло Анчелоти со една изјава уште повеќе ја зголеми мизеријата на Ливерпул, велејќи дека противникот на Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите бил полесен противник од клубовите кои ги елиминираа на патот до големиот меч – Пари Сен-Жермен, Челси и Манчестер сити.
„Ако погледнеме наназад, луѓето велеа дека ПСЖ немаа среќа, Челси немаа среќа и Манчестер сити немаа среќа. Ова беше единствен меч во кој луѓето мислеа дека сме на вистинско ниво. Мислам дека помогна што Ливерпул беа полесни за ‘дешифрирање’, бидејќи имаат јасен фудбалски идентитет и можевме да бидеме подготвени да играме како што игравме. Ја знаевме стратегијт – не им давајте простор за уфрлање зад одбраната. Можеби нашиот фудбал не беше естетски убав, но да се игра од задниот дел за да им дозволиме да прават пресинг не беше добра идеја. Имавме повеќе долги топки, по што ја малку повеќе ја контролиравме топката посебно во второто полувреме“, вели италијанскиот стручњак.