Шефот на Ферари, Матија Биното потврди дека неговиот тим протестирал за третото место на Макс Ферстапен на Монако ГП трката, барајќи „објаснување“ од стјуардите и ФИА за наводното преминување на линијата за влез во боксот во текот на трката.
Ферари наместо да стигнат до лесна победа со Шарл Леклер зад воланот, поради тактичките одлуки и лошата комуникација при влегувањето во боксот, на крајот се задоволија со второто место на Карлос Саинс и четвртото на Леклер, но Биното потврди дека бараат објаснување за ситуацијата во која Ферстапен при излегувањето од боксот со предното лево тркало ја прегазил линијата за излез од боксот.
„Тој едноставно ја прегази линијата. Ако погледнете на интернационалниот спортски код, таму се вели дека се работи за преминување на линијата, но во 2020 имавме разјаснување на ситуацијата, така што тоа е прекршок. Сите тимови имаат должност да ги почитуваат правилата и бараме објаснување од ФИА“, призна Биното.
Леклер одби да дава изјави по крајот на трката, прва која ја заврши на својата домашна патека, но неговото расположение беше јасно во радио комуникацијата со тимот. На 15 минути пред крајот тој му порача на тимот: „Не ми требаат информации. Нема да можам да претекнам било како. Океј е“. По крајот на трката, пораката беше уште појасна: „Без зборови. Сезоната е долга, но не смееме да правиме вака“.
Confusion then frustration for Charles ?#MonacoGP #F1 pic.twitter.com/KaAlH2NP5F
— Formula 1 (@F1) May 29, 2022
"No words"
Charles was desperately disappointed to finish P4 in his home race #MonacoGP #F1 pic.twitter.com/k3xq8Yw5I6
— Formula 1 (@F1) May 29, 2022