Top Sport

Андоновски се врати во ГРК Охрид

Горан Андоновски е новиот тренер на ГРК Охрид. Андоновски по три години се врати во Охрид, на тренерската позиција дојде на местото на Раде Стојановиќ.

Охрид наредната сезона ќе има комплетно нов тим, бидејќи покрај тренерот Стојановиќ клубот го напуштија 11 играчи: Мице Шилегов, Филип Николов, Мартин Ивановски, Филип Кривокапиќ, Славчо Шулески, Мартин Манасков, Михајло Младеновиќ, Николче Ристески, Филип Грубор, Јагош Брауновиќ и Даниел Ацев. Клубот исто така го напушти и тренерот Радослав Стојановиќ.

ГРК Охрид најавува сериозни засилувања на екипата која во континуитет е учесник во плејофот на Супер лигата.
Андоновски со ГРК Охрид потпиша двегодишен договор.

Извор/ ohridnews.com/

Scroll to Top