Фудбалскиот клуб Барселона соопшти дека мината сезона бил остварен рекорден приход од 914 милиони евра. Минатата сезона, Барселона најпрвин го продаде Нејмар за 222 милиони евра, а потоа ја освои двојната круна во домашниот шампионат.
Исто така, Барселона реализира два големи трансфери. Усман Дембеле пристигна од Дортмунд за 105 милиони евра, а Фелипе Кутињо од Ливерпул за 150 милиони евра.
Од „Ноу Камп“ предвидуваат дека до 2021 година ќе имаат приходи од една милијарда евра.
Во новата сезона Барселона веќе потроши 76 милиони евра за трансферите на Клеман Ленгле од Севилја (36 милиони) и Артур од Гремио (40 милиони).