Македонската фудбалска репрезентација, конечно, ја искористи својата иницијатива, за да израмни против Бугарија на почетокот на второто полувреме во Разград.
По сите пропуштени шанси во првото полувреме, и рано примениот гол, момците на Благоја Милевски покажаа дека одат на три поени на првото гостување во Лигата на нации, откако по убавата акција и забуната во противничката одбрана, Милан Ристовски носи израмнување во 49. минута од мечот.
Ristovski!!!pic.twitter.com/YXjmVPANku
— GoncaloDias17 (@goncalo_diass17) June 2, 2022