Top Sport

Малдини: Или ќе градиме силен Милан, или ќе останеме во „чистилиште“

Спортскиот директор на Милан и легенда на клубот, Паоло Малини предупреди дека „росонерите“ се наоѓаат во клучен момент откако го освоија скудетото со „минијатурен“ буџет, велејќи дека старите газди Елиот покажале непочитување, а новите газди Редбрд мораат да решат дали клубот ќе остане во „чистилиште“ или ќе оди на високо ниво.

„За мене титулата е мајсторско дело. Победа на идеи, на глад, на тимски дух. Ние бевме горе две години, спротивно на сите очекувања и предвидувања. Затоа сме многу горди, поради ентузијазмот на навивачите, храброста на теренот и надвор од него. Во јануари го загубивме Симон Кјер и  Фикајо Томори со повреда. Немавме буџет да донесеме замени, така што моравме да сметаме на нашите млади фудбалери. Од 2019 година потпишавме договори со 21 фудбалер, мешавина на искусни фудбалери и многу млади момци. Рики Масара и јас им го кажавме нашиот проект, кој се оствари. Но, тие фудбалери беа донесени за вкупно 75 милиони евра. Кога решив да останам во клубот по заминувањето на Леонардо планирав на повисок буџет, но тоа не се оствари. Сега клубот мора да отвори нова ера – со стратешка визија, Милан може да се натпреварува со најголемите. Но, ако останеме на визијата на сегашно ниво, без инвестиции, без идеи за вреден Милан, ќе останем во чистилиште меѓу топ 6-7 во Италија, надевајќи се за борба за скудето и место во ЛШ. Ова е момент во кој газдите, Елиот, или новите, да сфатат дека тригодишниот проект е завршен и дека мора да има стратегија за иднина. Со две-три значајни засилувања, можеме да се натпреваруваме за нешто повеќе во Лигата на шампиони“, вели Малдини во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Scroll to Top