Италијанскиот селектор Роберто Манчини потврдува дека „аѕурите“ почнуваат нова ера утре на големото дерби во Лигата на нации против Германија во Болоња, но предупредува дека не може да „измисли фудбалери“ за неговиот план.
По мечот со Германија, актуелниот шампион на Европа ќе игра со Унгарија на 7 јуни, со Англија на 11 јуни и ќе гостува во Германија на 14 јуни. Оваа низа мечеви доаѓа по разочарувачкиот 3:0 пораз од ргентина на „Финалисима“, по што Манчини реши да внесе свежа крв во репрезентацијата.
„Победата на ЕУРО беше дел од магијата на тој турнир, сега мораме да почнеме одново и да ја најдеме таа магија. Во фудбалот, сите работи се зад тебе кога ќе победиш, а кога ќе загубиш сите ќе ти се свртат. Таков е спортот. Потребно е време, не можеме само да измислиме нови фудбалери, знаеме дека е тежок процес. Ова ќе биде целосен ресе, многу фудбалери веќе заминаа и не беа во форма да играат четири меча. Утре почнува нова ера, фокусот останува ист, да се најдат фудбалери кои имаат квалитет и брзина, да не сметаме само на Марко Верати и Жоржињо“, вели Манчини.