Ентони Џошуа и Александер Поветкин во Њујорк првпат се погледнаа очи-во-очи пред нивната пресметка во тешка категорија на „Вембли“, но вистинска мешаница предизвика американскиот боксер Џерел „Биг Бејби“ Милер.
Додека Џошуа и Поветкин беа еден до друг, Милер се обиде да се „пресмета“ со носителот на ИБФ, ВБА и ВБО титулите, Џошуа. Милер сакаше да го испровоцира Џошуа, но британскиот боксер остана смирен и фокусиран на својот следен противник, Русинот Поветкин.
„Не ги давам моите појаси. Поветкин е можна кора од банана за мојата цел обединување на појасите. Сите зборуваат за мене, а кога ќе дојдат до мене, сакаат само да зборуваат. Титулите се бранат во рингот, и нема да ги толерирам тие кои сакаат да ме провоцираат. Секогаш има некој кај моите нозе кој прета“, вели Џошуа.
Милер е треторангиран боксер во тешка категорија според ИБФ и ВБА федерациите и секако има намера да го предизвика Џошуа.
Massive respect to Povetkin. When two lions meet & you hear a lil pup barking, don’t play with big cats.. That’s a warning ? #AJBXNG pic.twitter.com/bJxlpFsFdg
— Anthony Joshua (@anthonyfjoshua) July 17, 2018