Перуанците очигледно се нација заразена со фудбалот, што се покажа и со нивните страствени фанови на СП во Русија, но и со случајот на едно новородено дете кое доби име на хрватскиот капитен Лука Модриќ.
Еден ден по победата над Англија во полуфиналето на СП, во Кахамарка родителите на едно новородено момче решија да му го дадат името Лука Модриќ.
Ова не е прв случај на дете кое добива име по фудбалска ѕвезда во Перу, бидејќи според заводот за статистика има деца кои се викаат Кристијано Роналдо (870 деца) и Лионел Меси (232), но и Антоан Гризман (23), Серхио Агуеро (6), Тони Крос (4), Луис Суарез (3), Хамес Родригез (3), Еден Азар (3), Хери Кејн (3) и по еден Нејмар да Силва, Роберт Левандовски и Кевин де Бројне.
Luka Modric de #Cajamarca ?
¡¡¡Papás, por qué son así!!! pic.twitter.com/OXSDsoXsnR
— César de Ita ✡ (@drcesardip) July 18, 2018