Стив Кер тренерот на Голден стејт Вориорс, уште неколку сезони ќе остане во клубот, соопшти франшизата од Оукленд. Кер, го презеде тимот во 2014 година и оттогаш Вориорс играа четири пати во финалето и освоија три титули.
Поради клупската политика, не е објавено на колку години е продолжен договорот и колкава плата ќе има Кер.
Претходно „ЕСПН“ ја пренесе информацијата дека Кер ќе има најголема плата меѓу тренерската фела во НБА лигата, кога ќе го потпише новиот договор.
„Задоволни сме што Стив го продолжи договорот и што ќе го води нашиот тим уште неколку години“, рекол Боб Мајерс, генералниот менаџер на Вориорс.
„Имавме среќа со него на клупата да освоиме три титули во последните четири сезони. Тој е одличен тренер и што е поважно тој е добар човек“.
Coach Kerr sticking around, #DubNation!
Get the full press release here ? https://t.co/EgdF9Qo6rB
— Golden State Warriors (@warriors) July 17, 2018