Поранешниот француски репрезентативец Хатем Бен Арфа упати критики кон селекторот Дидие Дешам и покрај тоа што националниот тим, во неделата, ја освои титулата на Светското првенство.
Бен Арфа ја критикувал играта шти Французите ја форсираат под водство на Дешам.
„Секоја чест, но да сум на неговото место, би се повлекол од функцијата додека сум на врвот, како што тоа го направи Зидабн во Реал Мадрид. На тој начин новиот селектор би го искористил потенцијалот на екипата и би ги оставил младите играчи да уживаат во играта“, рекол Бен Арфа.
„Кога ќе погледнете какви играчи имаме требаше да бидеме похрабри. Знам дека на голем дел од овои играчи не им одговара овој стил и не ми имале ништо против доколку стилот биде променет“.
„Игравме грд фудбал. Секако дека тоа имаше ефект, но се коцкавме и живеевме од грешките на противникот. Ги казнувавме грешките на нашите противници. Таков фудбал не е спектакуларен, но е многу ефектен“, завршил Бен Арфа.