Кристијано Роналдо нема да биде дел од експедицијата на Јувентус на Меѓународниот куп на шампионите, потврди италијанскиот клуб.
Португалецот, во понеделникот, официјално стана член на Јувентус, на подготовките на тимот ќе се приклучи на 30.јули.
Јувентус на турнејата во САД ќе игра и против поранешниот тим на Роналдо, Реал Мадрид. Дуелот е закажан за 5.август во Мериленд.
Кристијано Роналдо ќе остане да работи во Торино, заедно со играчите кои подоцна ќе му се приклучат на тимот, поради учеството на Светското првенство.
Новата сезона во Серија А ќе започне на 19. август.