Top Sport

ТдФ: Томас ја облече жолтата маичка

Британскиот велосипедист, Џеран Томас, ја освои 11.етапа на „Тур д’Франс“ и се искачи на челната позиција во генералниот пласман. Возачот на тимот „Скај“, во последните шест километри од етапата, ги нападна лидерите и успеа да забележи победа.

За победата конкурираше групата во која беа четири кратниот шампион Крис Фрум, односно Томас Домулин, Микел Ниеве, Наиро Кинтана и Гај Марин.

Томас успеа да ја победи оваа група, стигна прв во целта, а како втор заврши Фрум со задоцнување од 20 секунди.

Возачите на тимот „Скај“, уште еднаш ја демонстрираа својата надмоќ над ривалите, на планинските етапи, бидејќи зад Томас, во генералниот пласман се Фрум, со задоцнување од 1:25 минути, односно Домулин со послабо време за 1:44 минути.

Наредната, 12.етапа е најтешката на „Тур д’Франс“, се вози од Бурж Сент Морис до Алп Дуез. Етапата е долга 175 километри, а велосипедистите ќе се искачат на надморска височина од 1.850 метри.

Scroll to Top