Top Sport

За помала плата ветеранот го продолжи договорот со Ливерпул

Џејмс Милнер (36) се согласил да го продолжи договорот со Ливерпул на уште една сезона. Милнер прифатил значително намалување на платата за да остане на Енфилд, објавија британските медиуми. Тој исто така одбил две подобри понуди од клубови од Премиер лигата и една од клуб од американската МЛС лига.

Актуелниот договор на ветеранот со Ливерпул истекува на 30.јуни. Тренерот Јирген Клоп по разговорите со играчот и раководството на клубот изјави дека Милнер е клучен за успехот на Ливерпул.

Милнер оваа сезона забележа 39 настапи за „црвените“.

Тој го имаше своето деби во Премиер лигата како 16-годишник во Лидс во 2002 година. Играше и за Астон Вила, Њукасл, Манчестер Сити, а од 2015 година е во Ливерпул за кој собра 289 натпревари и постигна 26 гола.

Scroll to Top