Додека навивачите на Ливерпул со нетрпение го очекуваат потписот на голманот Алисон Бекер од Рома, стигнаа лоши вести од „црвените“ – Алекс Окслејд-Чембрлен најверојатно ќе ја пропушти целата сезона по повредите на лигаментите против Рома минатата сеозна.
Фудбалерот беше изнесен на носилки во дуелот од Лигата на шампиони, и сега од Ливерпул признаваат дека тој најверојатно нема да се врати во сезоната 2018/19.
„Должината на паузата на Окслејд-Чембрлен не беше откриена по негово барање, бидејќи тогаш не сакаше да пречи во натпреварите од Лигата на шампионите. Но, ние ја знаевме сериозноста на повредата веднаш по операцијата. Се подготвуваме за новата сезона сметајќи дека тој нема да биде присутен во повеќето мечеви, но се надеваме дека на крајот на сезоната ќе се врати кај нас“, изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.