Реал и ПСЖ отворија нов фронт на трансфер-пазарот. По Килијан Мбапе, овие два клуба влегоа во трка за потписот на Орелијан Чуамени од Монако.
Со Чуамени, можно е на Реал да му се повтори „случајот Мбапе“. Минатата недела, медиумите тврдат дека младиот играч од средниот ред ќе се пресели во Мадрид. Реал понудиле 60.000.000 евра и 10.000.000 преку бонуси за неговиот трансфер.
Тогаш во игра влегоа ПСЖ, со новиот спортски директор Луис Кампос, кој на оваа позиција дојде токму од Монако.
Наводно ПСЖ биле подготвени за Чуамени да платат 100.000.000 евра.
Фудбалерот сега мора да донесе одлука. Реал му порачале дека мора да го направи следниот чекор и да побара од Монако да ја прифати нивната понуда. Само притисокот од страната на играчот може да ги натера челниците на Монако да прифатат помала понуда.