Италијанскиот гигант Милан денеска очекува одлука од Судот за арбитража во спортот (ЦАС) околу забраната за учество во Лигата Европа, која им ја одреди УЕФА поради прекршување на финансискиот фер-плеј.
„Диаволо“ беа под лупа на УЕФА поради огромниот број на засилувања донесени минатото лето од страна на поранешниот сопственик, кинескиот бизнисмен Јонгхонг Ли. Клубот сега е преземен од американската хеџ-фондација „Елиот менаџмент“ откако кинескиот сопственик не ги исплати долговите, и „Газета дело спорт“ јавува дека постои надеж дека одлуката на УЕФА ќе биде укината.
Првиот адут на „росонерите“ е тоа што „Елиот“ и сопственикот Пол Сингер се добро познати во светот на бизнисот за разлика од Ли, а вториот е тоа што сега клубот нема долгови или крајни рокови за исплата. Последна поента на Милан е тоа што тимовите како Интер, Манчестер сити и Пари Сен-Жермен поминаа „полесно“ од УЕФА.
Сослушувањето во Женева ќе трае до 18 часот и веднаш потоа се очекува објава.