Арсенал ја започна новата ера со заминувањето на Арсен Венгер, новиот тренер Унаи Емери веќе потпиша договори со тројца нови играчи (голманот Лено, односно Сократис и Тореира), а посакува уште две засилувања. За да собере пари за тие трансфери Емери им соопштил на седум фудбалери дека можат да заминат доколку за нив клубот добие добри понуди.
Лено ќе биде прв избор на Емери кога е во прашање голманската позиција, што значи дека Оспина и Чех добиле дозвола да го напуштат клубот. Бешикташ покажува интерес за Оспина, а Чех веројатно ќе се врати во Челси.
За левиот бек, Начо Монреал, во Лондон пристигнала понуда од Атлетик Билбао и истата Арсенал ќе ја прифати. На продажба уште се и Лукас Перез, кој последните две сезони беше позајмен во Ла Коруња, како и Мустафи, Џенкинсон и Велбек.
Арсенал веќе го напуштија Мертезакер кој ја заврши кариерата и Вилшир кој се пресели во Вест Хем.
Емери до крајот на преодниот рок ќе се обиде да ангажира еден лев бек и еден крилен напаѓач.