Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Касемиро, во интервју за „АС“ откри дека првиот човек на клубот, Флорентино Перез, има посебен прекар за него, Тони Крос и Лука Модриќ.
“Флорентино Перез не нарекува трите тенори. Крос, Модриќ и јас заслужуваме да влеземе во историјата на овој клуб и да бидеме таму со години откако ќе ги завршиме нашите кариери. Оваа последна титула ќе ја паметиме цел живот, тоа е можеби најдобрата приказна некогаш раскажана во Лигата на шампионите“, изјави Касемиро.
„Овој тим како да е создаден во Холивуд. Освојувањето на пет ЛШ за осум години може да се опише како историско достигнување“, додаде Касемиро, заблагодарувајќи му се на Анчелоти за неговиот искрен став уште од првиот мандат на „Сантијаго Бернабеу“.
Тогаш Бразилецот се уште беше го бараше своето место во тимот, а Анчелоти го испрати на позајмица во Порто.
“Искрено ми призна се, јас го слушав и си ја чекав шансата, а кога ми се укажа ја искористив и не ја пропуштив. Анчелоти е нашиот пример во се, ги заслужува сите добри работи што му се случуваат. Тој носи неисцрпен ентузијазам за нашиот тим“, заклучи 30-годишниот Бразилец.