Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучи да ги делегира хрватските судии Матија Губица и Борис Милошевиќ за финалето на Лигата на шампионите, кое ќе се одржи како кулминација на фајналфорот во Келн.
Губица и Милошевиќ веќе судија едно финале, пред две години кога Кил во финалето ја победи Барселона.
Во својата богата судиска кариера го имаат судено и финалето на ЕП 2018 и финалето на СП 2019 година.
Во полуфиналето од овогодинешната Лига на шампиони ќе се сретнат Кил-Барселона и Веспрем-Кјелце.