Француските фудбалери Н’Голо Канте и Лукас Ернандез го напуштија кампот на репрезентацијата и ќе го пропуштат претстојниот натпревар против Хрватска во Лигата на нации, соопшти денеска Фудбалскиот сојуз на Франција..
Канте и постариот од браќата Ернандез не играа синоќа против Австрија во Виена (1:1).
Канте има болки во коленото, додека Ернандез ја напушти репрезентацијата за да и се придружи на сопругата која е пред породување, соопшти Фудбалскиот сојуз на Франција.
Натпреварот меѓу Франција и Хрватска се игра во понеделник од 20:45 часот.
По три одиграни натпревари во Групата 1 во Лигата на нации, Хрватска има четири бода колку и Австрија, додека Франција е последна на табелата со два освоени бода. Данска е прва со шест бода.