Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска (17 часот) ќе го одигра вториот пријателски натпревар против селекцијата на БиХ. На првиот дуел на стадионот во Ѓорче Петров, избраниците на Драган Канатларовски славеа со 1-0 со голот на Луан Абази, а денешниот меч е закажан на комплексот „Петар Милошевски“ на ФФМ.
Поголем дел од фудбалерите во новата генерација на Канатларовски имаат искуство од минатиот циклус.
Предводници на новата селекција се Лука Станковски, Димитар Тодоровски, Методи Максимов, Марио Илиевски, Дашмир Елези…