Серена Вилијамс најави дека ќе игра на Вимблдон годинава. За неа тоа би бил прв турнир во 2022.
23-кратната грен-слем шампионка во сингл нема играно откако ја повреди ногата во првото коло на ланското издание на лондонскиот грен-слем.
Американката има седум титули на Вимблдон во сингл, но моментално е рангирана на 1.208 место на ВТА листата.
„SW и SW19. Тоа е датум. 2022 година, се гледаме таму“ – пишува до фотографијата од тренинг на треба која ја објави Серена.
Вимблдон почнува на 27 јуни. Вилијамс, исто така, го означи Истбурн – каде што има WTA настан во неделата пред Вимблдон – во објавата на социјалните мрежи.
Таа ја освои последната од нејзините седум титули на Вимблдон во сингл во 2016 година, но стигна до финалето во 2018 и 2019 година откако се врати по раѓањето на ќерката.