По петте победи во низа, оптимизмот во Ред бул рејсинг е на највисоко ниво, но нивниот советник Хелмут Марко вели дека е прерано да се слави, иако со задоволство посочи дека за разлика од ривалите од Ферари, во Ред бул немаат проблем со постојаноста на болидот.
Шарл Леклер се откажа од трките во Шпанија и Азербејџан додека беше лидер поради проблемите со моторот, а сличен проблем имаше Карлос Саинс имаше слична несреќа во Азербејџан минатиот викенд.
„За разлика од Ферари, кај нас нема ништо сериозно. Во последните пет трки покажавме дека сме силни, но тоа може да се смени. Ферари без сомнеж имаат силен болид ако ги решат своите проблеми и затоа мораме да ги искористиме сите шанси“, вели Марко.
Ферари и двата тима кои ги снабдуваат со мотори, Алфа Ромео и Хас имаа вкупно 10 проблеми со откажување на моторот во последните пет трки. Ред бул, пак, заедно со својот јуниорски тим Алфа Таури имаа шест откажувања на моторот во првите три трки од сезоната.