Поранешниот Ф1 шампион и колега на Луис Хамилтон, вели дека „никогаш не видел“ такво однесување на четирикратниот светски шампион како по квалификациите на Германското ГП во саботата.
Мерцедес В09 болидот на Хамилтон откажа на крајот на првите квалификации во Хокенхајм, а заедно со него, се „скрши“ и духот на Британецот, кој прво се обиде да го истурка болидот до боксот, за потоа да застане со рацете на главата до болидот.
„Вакво нешто не сме виделе и искрено, јас сум загрижен. Никогаш не сум видел таков говор на телото од него. Прво ја видовме таа фрустрација во Силверстоун, и таа недоверба. Секако, тешко е кога ќе се случи такво нешто, но ова беше сосема неочекувано. Болидот на Ферари лета и Фетел е фаворит за победа, а Луис го очекува тешка борба од дното“, вели шампионот од 2016.
Хамилтон ќе стартува од 14. место во Германија, а од тимот на Мерцедес откриваат дека Ферари биле за половина секунди побрзи по круг од нив на оваа патека. За Хамилтон овој „удар“ доаѓа по контроверзното Британско ГП, на кое Хамилтон го обвини Кими Раиконен и Ферари дека имале намерна тактика да се удрат во него.
Qualifying heartbreak for Hamilton ?
The defending champion tried everything to get his car back to the pits, but he will start the #GermanGP from 14th on the grid pic.twitter.com/9aebWvbn7q
— Formula 1 (@F1) July 21, 2018
Фетел стартува прв во Германија, Хамилтон 14., Рикардо последен