Поранешниот генерален директор на Милан, а сега генерален директор на новиот прволигаш Монца, Адријано Галијани во интервју за „Кориере дела сера“ откри како успеал да го „украде“ Карло Анчелоти од Парма во 2001 година, во анегдота која вклучува храна и пијачка.
Анчелоти, секако, беше дел од Милан како фубалер од 1987 до неговото пензионирање во 1992 година, по што работеше како помошник на Ариго Саки со италијанската репрезентација до 1995 година, пред да се етаблира како тренер со Реџијана, Парма и Јувентус. Тој бил пред враќање во Парма во ноември 2011 година пред Галијани да интервенира.
„Анчелоти беше на пат кон домот на Калисто Танци за да потпише со Парма во 2001. Во Милан, решивме дека е потребна смена на тренерот и го повикав Карлето. Тој ми кажа дека веќе му дал збор на Танци и не можев да го убедам. Следното утро отидов во неговиот дом. Првпат во мојот живот имав појадок со ламбруско, кулатело шунка и пармеџано кашкавал. Успеав да го убедам“, вели Галијани.
Анчелоти остана во Милан до 2009 година, освојувајќи две титули од Лигата на шампионите, една од Серија А и една од Копа Италија, за потоа да работи и во Челси, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Пари Сен-Жермен и Евертон. Во изминатата сезона тој стана првиот тренер во историјата со титули во сите пет големи европски лиги (Англија, Италија, Франција, Германија, Шпанија), а со „кралевите“ ја освои и својата четврта титула од ЛШ.
Galliani racconta: "Ecco come ho strappato Ancelotti al Parma nel 2001" https://t.co/PwiQ7yLn6x
— MilanNews.it (@MilanNewsit) June 17, 2022