Усман Дембеле е фудбалер на Барселона само до 30 јуни, но одговарајќи на прашање на еден навивач, најави дека би сакал да остане во Каталонија и покрај тоа што е поврзуван со трансфер во Челси.
25-годишниот Дембеле пристигна на „Ноу Камп“ пред пет години како втор најскап фудбалер во историјата по трансферот од Борусија Дортмунд, по што во првите неколку сезони се мачеше со повредите и со лошата форма. Меѓутоа, минатата сезона тој повторно неочекувано стана дел од тимот на Чави Ернандез и сега одговарајќи на прашање на навивач на семафори, тој вели дека би сакал да остане.
„Дали остануваш во Барселона?“ го прашува навивачот, по што тој кратко одговара: „Да“. Тогаш на прашањето дали сака да работи повторно со Томас Тухел во Челси, тој додава: „Добро ми е во Бaрселона“.
?️| Ousmane Dembélé when asked about his situation…
❓You're staying at Barca?
?️ Ousmane: yeah
❓I heard you might go to Chelsea?
?️ Ousmane: ?
❓Tuchel, aren't you interested?
?️ Ousmane: I feel good at Barça.Via: @ActualiteBarca @D3mbouzinhopic.twitter.com/cFXpabmkx7
— Barça Buzz (@Barca_Buzz) June 18, 2022