Top Sport

Тетекс доведе петмина нови фудбалери

Македонскиот второлигаш Тетекс доведе пет нови фудбалери и ги претстави на јавноста. Нови имиња во тимот се Флорент Османи и Димитар Иванов од екипата на Беса, репрезентативецот до 19 години Антонио Мирков кој доаѓа од екипата на Саса, како и младите Давид Манџуковски и Стојан Попоски од Кадино.

Истовремено продолжени се договорите со Борис Јаќимовски, Мухарем Мислими, Агон Елмази и Стефан Стефановски.

Дел од младите фудбалери, Арлинд Алији, Даниел Николовски, Мерван Имери и Бесмир Камбери, ќе бидат приклучени кон првиот состав.

Првата прозивка ќе се одржи на 6. јули, а главната фаза ќе се одржи во Струга, каде се заминува на 22. Јули. Во подготвителниот период Тетекс ќе се одигра шест контролни натпревари.

Scroll to Top