Top Sport

Мото ГП: Бањаја освои пол-позиција за ГН на Холандија

Италијанскиот мотоциклист Франческо Бањаjа на Дукати ја освои четвртата пол-позиција оваа сезона откако беше најбрз на денешните квалификации пред трката за ГН на Холандија во Мото ГП.

На патеката ТТ Асен, утре ќе се вози единаесеттата трка сезонава од светскиот шампионат во Мото ГП.

Бањаја беше побрз од Фабио Квартараро и Хорхе Мартин кои ќе бидат до него на стартот во првиот ред.

Вториот ќе го сочинуваат Марко Безеки и Алеиш Еспаргаро заедно со Џек Милер.

Scroll to Top