Top Sport

Лукаку ќе го прекрати летниот одмор, во среда на лекарски тестови

Ромелу Лукаку во моментов е на летен одмор во Италија, но е подготвен да го прекрати за во среда да ги заврши медицинските тестови за да може да го комплетира трансферот од Челси во Интер пред крајот на месецот за тој и клубот да ги искористат даночните ослободувања во Италија, јавува „Ла газета дело спорт“.

Лукаку замина од Интер за 113 милиони евра минатото лето, но веднаш зажали за трансферот и посака враќање во Италија. Новите газди на Челси се согласија да го вратат на позајмица во Интер за само 10 милиони евра и со намалување на платата. Според „Газета“, Лукаку е во Сардинија и се очекува на 29 јуни да се појави во Милано за да се комплетира трансферот.

Scroll to Top