Кевин Лав реши да остане во Кливленд Кавалирс и да потпише четири годишен договор„тежок“ 120 милиони долари. Практично, крилниот центар го продолжи договор со Кливленд, бидејќи влегувал во последната година од договорот, што значи дека во наредните пет години ќе заработи 145 милиони долари.
Кошаркарот од Санта Моника, во најсилната лига во светот влезе во 2008 година, кога како петти пик на драфтот беше избран од Минесота Тимбервулфс.
Во дресот на Минесота израсна во еден од најдобрите крилни центри во лигата, а во 2011 година е прогласен за играч кој најмногу наредувал. Во кариерата пет пати учествувал на Ол стар натпреварите, во три од нив како играч на Минесота.
Лав, изминатите четири години ги мина во Кливленд, заедно со Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг. Оваа тројка, во 2016 година, успеа на Кливленд да му ја донесе првата титула во историјата на клубот.
Како репрезентативец на САД освоил златни медали на СП во 2010 и Олимписките игри во 2012 година.
Кевин Лав, во кариерата има просек од 18,3 поени и 11,3 скока по натпревар.