Џенаро Гатузо и покрај протестите на дел од навивачите на тимот и од легенди како Сантијаго Кањизарес, стана нов тренер на Валенсија, но само што ја започна работата на „Месталја“ се најде во нови контроверзи.
Овојпат, на стартот на подготовките за новата сезона, италијанскиот тренер беше забележан како го води тренингот и лежерно си пуши електрична цигара, нешто што секако не претствува добар пример за фудбалерите.
Gattuso'nun Valencia idmanlarında elektronik-sigara içerken görüntülenmesi İspanya'da tartışma konusu oldupic.twitter.com/8K04PYjSMo
— 24saatfutbol (@24saatfutbol2) July 9, 2022