Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте реши да изостави четири фудбалери од неговиот тим за турнејата во Азија, најавувајќи дека тие ќе бидат поставени на продажб. Серхо Регуилон, Џовани Ло Селсо, Танги Ндомбеле и Хери Винкс не отпатуваа со лондонскиот клуб за Сеул, Јужна Кореја во саботата навечер.
Квартетот го чинеше Тотенхем фантастични 110 милиони фунти, но сега сите се на продажба, тврди трансфер-експертот, Фабрицио Романо. Најголемо изненадување можеби е Регуилон, биејќи шпанскиот лев бек беше постојан под Конте минатата сезона и во две години со Тотенхем има дури 67 настапи за тимот.
Ло Селсо, кој лани беше позајмен на Вилјареал, најверојатно ќе замине во шпанскиот клуб, додека за Винкс, „дете“ од академијата на Спарс се заинтересирани Евертон и Саутемптон. Најскапиот од четирите фудбалери, Ндомбеле, кој пристигна за 55 милиони фунти од Лион пред три години, привлекува интерес на повеќе француски клубови.