Top Sport

Головин се сели во Монако

Рускиот репрезентативец Александар Головин кариерата ќе ја продолжи во екипата на Монако.

Утрово, од актуелниот клуб на Головин, ЦСКА Москва, ги прифатиле понудите на Челси и Монако и му препуштила на фудбалерот самиот да реши каде ќе ја продолжи кариерата.

Младиот руски фудбалер го одбрач Монако, бидејќи неговата мајка сметала дека во овој клуб ќе може повеќе да напредува.

Трансферот на Головин го потврди и Монако, а претседателот на клубот изјавил дека играчот наскоро ќе потпише пет годишен договор.

ЦСКА, од трансферот на Головин ќе заработи околу 30 милиони евра.

Scroll to Top