Вест хем јунајтед дале понуда од 40 милиони евра плус 7 милиони евра во бонуси за напаѓачот на Сасуоло, Џанлука Скамака, сума која во Пари Сен-Жермен не се подготвени да ја платат, тврди „Скај спорт Италија“.
ПСЖ подолго време преговараат со Сасуоло за нивниот талент, но не биле подготвени да дадат повеќе од 30 милиони евра, и иако Скамака се договорил за личните услови, Сасуоло останува на своето барање од 50 милиони евра.
23-годишниот Скамака, кој има седум настапи за италијанската репрезентација, минатата сезона конечно блесна за Сасуоло, откако претходно играше како позајмен фудбалер во ПСВ Ајндховен, Кремонезе, Цволе, Асколи и Џенова.