Top Sport

Јунајтед пред договор со Мартинез, за Де Јонг уште трае неизвесноста

Манчестер јунајтед се на чекор до комплетирањето на трансферот на Лисандро Мартинез од Ајакс, додека втората главна цел во летниот преоден рок, Френки де Јонг останува засега недостапен откако неговиот агент изјави дека тој не планира да замине од Барселона

Аргентинецот Мартинез јасно изрази желба повторно да работи со својот стар тренер Ерик Тен Хаг, а иако и Арсенал беа заинтересирани, тие бараат нови опции бидејќи Аргентинецот сака на „Олд Трафорд“. Јунајтед ќе треба да платат над 50 милиони евра за 24-годишниот Мартинез, кој може да игра и во одбрана и во средниот ред.

Според „ЕСПН“, Јунајтед се сигурни дека Кристијан Ериксен ќе им се приклучи на турнејата во Австралија, а продолжуваат и обидите да се склучи договорот со Де Јонг, откако шефовите на клубот беа и во Барселона во обид да се договорат.

Scroll to Top