Еден посветен навивач на Милан на социјалните мрежи се закани дека ќе ја исече својата нога ако Рафаел Леао не потпише нов договор, бидејќи му е покриена со тетоважа од португалскиот напаѓач.
Талентираниот Леао има договор со Милан до 2024 година, но има годишна плата од 1.5 милиони евра по сезона, и во моментов траат преговорите во тимот за продолжување на договорот со годишна плата од барем 6 милиони евра. Во очаен обид да го убеди да остане, навивачот ја покажа својата тетоважа и напиша: „Ќе ја исечам ногата ако Леао не продолжи“, по што реагираше и самиот Португалец на Твитер.
???????????????
— Rafael Leão (@RafaeLeao7) July 14, 2022