Top Sport

Мексиканската легенда Маркез се врати во Барса како младински тренер

Поранешниот дефанзивец на Барселона и на мексиканската репрезентација, Рафаел Маркез се врати во Каталонија како нов тренер на Б-тимот на Барселона, потпишувајќи двегодишен договор да ги води резервите на клубот.

Маркез помина седум сезони во Барселона од 2003 до 2010 година, кога по трансферот од Монако стана првиот мексикнски фудбалер кој настапил за славниот каталонски клуб. Тој имаше 242 настапи по што замина во Њујорк ред булс во 2010, пред да игра и за Леон и Атлас во Мексико и Верона во Италија пред пензионирањето во април 2018 година.

Scroll to Top