Top Sport

Хрватот Азиновиќ замина од Брегалница, Ескиќ продаден во Литванија

Брегалница и хрватскиот дефанзивец Антонио Азиновиќ, по заеднички договор, се одлучија на спогодбен прекин на меѓусебната соработка на крајот од изминатата сезона, објави клубот на официјалниот сајт.

Азиновиќ во редовите на Брегалница пристигна во јуни минатата година, и по едногодишен настап во синиот дрес сега заминува од Штип.

Српскиот интернационалец Никола Ескиќ го напушта штипскиот тим и прави трансфер во литванскиот прволигаш Ритериаи. Тој во Брегалница пристигна на почетокот на минатата сезона.

Претходно, низ актуелниот преоден рок, Брегалница ги засили дефанзивните позиции со Александар Ристевски, поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски и Колумбиецот Александер Борха Кордоба.

Scroll to Top