Трагедија во Русија. На 29-годишна возраст почина рускиот фудбалер Александар Козлов од срцев удар. Руските медиуми како причина за смртта ги наведоа последиците од згрутчувањето на крвта, што предизвикало срцев удар.
„Се обидовме да го анимираме срцето, се чинеше дека функционира. Пристигна брза помош, но Козлов не можеше да се спаси поради згрутчување на крвта“, напиша новинарот Иван Карпов на социјалните мрежи.
Козлов играше за Спартак Москва од 2010 до 2015 година.