Top Sport

Барселона, сепак, ќе го плати Левандовски повеќе од објавеното

Барселона, која се мачи со долгови и финансиски проблеми, веројатно го платила трансферот на Роберт Левандовски дури и повеќе отколку што беше најавено, пишува шпанскиот Ел Паис.

За Левандовски беше најавено дека Барселона плаќа 50 милиони евра и тоа 45 милиони фиксни, плус пет милиони во бонуси, но шпанскиот весник „Ел Паис“, повикувајќи се на извор на агент запознаен со трансферот, објавува дека трошокот е поголем.

Се наведува дека трансферот сепак ќе изнесува 60 милиони евра, 45 милиони евра фиксни, со пет милиони евра бонуси, доколку Барселона ја освои Лигата на шампионите и 10 милиони евра доколку Левандовски остане во клубот цела сезона. Ова е начин да се заобиколи финансискиот фер-плеј и да се префрли дел од цената во следната финансиска година.

Шпанците велат дека дел од причината за ваквата клаузула е да се избегнат и критиките за прекумерното трошење за клуб кој е оптоварен со долгови и неодамна ги продаде идните приходи за свежа готовина сега.

Се наведува и дека платата на Левандовски е нешто повисока од првично најавуваната и дека изнесува 16 милиони евра по сезона.

Scroll to Top