Али Адем се врати во Шкупи. Првакот објави дека младиот играч за врска по пауза од една година повторно ќе биде на Чаир.
Се очекува со Адем средниот ред на Шкупи да биде посилен. Адем потекнува од Вардар, пред две години замина во Арис.
Потоа играше како позајмен играч во Шкупи, па потоа играше и за Верија, но сега одново ќе го носи дресот на македонскиот шампион.