Откако претходно неколку пати беше блиску до заминување, Карим Бензема е сигурен дека ќе ја стави разочарувачката сезона зад него и ќе биде клучен фудбалер на Реал Мадрид по заминувањето на Кристијано Роналдо.
30-годишниот Бензема добиваше свирежи од навивачите на Реал откако постигна само пет гола во шпанската лига минатата сезона, но затоа го постигна првиот гол во финалето на ЛШ против Ливерпул и сега со Хулен Лопетеги на чело на „Бернабеу“, тој очекува поголема улога во својата 10. сезона со клубот, отфрлајќи ги шпекулациите за трансфер во Милан.
„Мораме да продолжиме да освојуваме титули, бидејќи тоа е најважно за секој тим, а посебно за Реал Мадрид. На лично ниво, сакам подобра сезона од минатата. Не можев да замислам дека ќе успеам во сѐ досега кога дојдов во Мадрид. Имав тешки сезони, но не е важно, бидејќи ова е најдобриот клуб на светот и навистина сум среќен“, вели Бензема.